АДКОМ (Здружение на даватели на комунални услуги) - е здружение на граѓани, формирано заради вршење на дејности и активности за унапредување на комуналната дејност во Р. Македонија.


АДКОМ, е невладина и непрофитабилна организација, која ги здружува Јавните комунални претпријатија во Република Македонија.

 

АДКОМ е здружение на и за сите Јавни комунални претпријатија во Република Македонија, кое ги застапува интересите на своите членови, со цел подобрување на условите за работа и услугите што овие членови ги нудат.

 

Мисија. Мисијата на АДКОМ е да ги застапува интересите на Јавните комунални претпријатија во Република Македонија и да ги поддржува и помага во давањето на сигурни, достапни и квалитетни услуги од сферата на комуналната дејност.

Визија АДКОМ е посакуван партнер на сите чинители во областа на комуналните услуги во РМ, претставува извор на знаење и искуство за Јавните комунални претпријатија и обезбедува нивна заедничка соработка за зачувување на животната средина и подршка на локалниот и регионалниот економски развој.