Собрание

Собранието на АДКОМ брои онолку членови колку што има претставници,кои се избираат од комуналните претпријатија од кои произлегуваат. Секој член на Собранието учествува рамноправно во одлучувањето.

Во надлежност на Собранието е следното:

·         го донесува статутот на АДКОМ

·         ја утврдува деловната политика на АДКОМ

·         усвојува долгорочен и годишен стратешки план за развој на АДКОМ и стратегија за нивна имплементација

·         го разгледува и усвојува извештајот за работа на управниот одбор помеѓу две собранија;

·         расправа за постигнатите резултати од работата на АДКОМ и дава насоки за натамошен развој на АДКОМ

·         донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на АДКОМ и др.