Регионална мрежа за развој на капацитети за услугите за вода и канализација

На 16 и 17 мај 2018 година, во Белград, Србија се одржи состанокот за фокус точките на проектот „Регионална мрежа за развој на капацитети за услугите за  вода и канализација"

Проектот RCDN има за цел да ја зголеми ефективноста и ефикасноста на водниот сектор во Западен Балкан, придонесувајќи за подобро обезбедување на услуги со поголем број групи од населението кои добиваат пристап до вода за пиење и санитарни услуги и исполнување на Acquis Communautaire за животна средина на Европската унија (ЕУ). За да се постигне ова, RCDN има три клучни компоненти:

 1. развој на асоцијациите

2. понуда за развој и испорака на капацитети и

3. партнерство и овозможување на развој на капацитети на животната средина.

RCDN работи со Општини  и ЈКП  во 6 земји  (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија), додека крајните корисници се одговорни лица од  општините и ЈКП . Проектот е раководен од ГИЗ, во име на SECO и BM З, а се спроведува од страна на Тим за имплементација на проектот во кој се вклучени претставници од  IAWD, Aquasan и NALAS.

Состанокот за запознавање на Focal Points, исто така, имаше силна комуникациска и тимска компонента. Focal Points ги практикуваа своите вештини за комуникација и тимска работа и ги анализираа своите различни улоги на тим што ќе им помогне да се претстават како победнички тим.

Првиот состанок  на Focal Points на RCDN се одржа во Белград на 16 и 17.05.2018 год и на истиот на присутните им се овозможи да ги разберат RCDN обврските детално, неговиот оперативен модел и клучните улоги и функции на регионално и национално ниво. Се дискутираше за главните задачи и одговорности со цел да се координираат  активностите на нивното здружение во рамките на RCDN. Беа презентирани  каналите  за соработка и комуникација со сите RCDN партнери. Покрај тоа, средбата имаше за  цел да поттикне отворена и интензивна комуникација помеѓу Focal Points, преку  градење на доверба и поддршка на односите, со што се обезбедува подобра продуктивност.

За време на интерактивниот состанок, учесниците активно работеа и ги  појаснуваа  очекувањата што доведоа до постигнување на предвидените резултати. Сите претстојни активности беа детално дискутирани, уште еднаш потврдувајќи ја релевантноста на проектот.