Програмата за комерцијална ефикасност и бизнис планирање – Тренинг центар АДКОМ Модул 3

Третиот модул од програмата за „Комерцијална Ефикасност “ се одржа на 19 - ти јуни 2018 година во Велес. За потребите на овој модул најпрво свое обраќање имаа претставниците од Регулаторната Комисија за Енергетика, Г-ѓа Андријана Нелкова Чучук и г-дин Шамил Реџепи, каде преку примерот на КЈП „Водовод“ Кочани беше објаснето внесувањето на податоците на порталот.

Обучувачот на овој модул, г-дин Јане Вртески ги дефинираше стратешките цели на комерцијалната ефикасност, карактеристиките за истите,  при тоа беше направено поврзување на стратешките цели со приоритетите на претпријатието и клучните показателите на изведбата, како што беше потенцирана и важноста на донесување на идните менаџерски одлуки врз основа на стратешките цели. При завршувањето на оваа тема преку вежба се дефинираа стратешките цели секое ЈКП одделно.

Во текот на овој модул беше обработена и темата за анализа на побарувачката на вода и проценка за продажба на водата. 

Г-дин Вртески напомена дека анализата на побарувачката за вода:

  • Воспоставува и предвидува побарувачка врз основа на локалните услови и искуство
  • Одредува количина на неприходувана вода
  • Поддржува проценка на идните заштеди кај трошоците од намаленото производство и пренос
  • Поддржува проценка на идната продажба на вода и просечна цена на услугите

Со цел практична примена на податоците, г-дин Вртески заедно со учесниците изработи и воден биланс.