Состанок со Правната Комисија   

На 06-ти март 2018 година во извршната канцеларија на АДКОМ, во Скопје, се одржа состанок со Правната комисија.

На состанокот со правната комисија се работеше по следниот дневен ред:

  1. Изготвување на мислење по однос на измените во Законот за јавни набавки
  2. Изготвување на мислење по однос на предложените измени во  Законот за гробишта и погребални услуги
  3. Изготвување на мислење по однос на Правилниците кои произлегуваат од Законот за Управување со отпад
  4. Разно

Предлог нацрт за Законот за јавни набавки е изготвен во октомври 2018 година, а истиот треба да  стапи на сила на 1-ви јануари 2019 година. Комисијата се изјасни дека новата верзија на овој закон е подобро уредена и дека за истата немаат дополнителни коментари. На состанокот се разви дискусија дека со новата верзија од овој закон одредени прагови во однос на набавките се зголемени и дека постапката е поедноставена.

По однос на Законот за гробишта и погребални услуги членовите на комисијата беа известени дека претставници од АДКОМ и ЈКП одржаа состанок со претставници од Министерството за транспорт и врски на кој беа образложени измените кој се бараат во овој закон. Од страна на Министерството за транспорт и врски се предложи да се даде на разгледување на ЈКП предлог верзијата од измените на Законот за гробишта и погребални услуги и да се дадат забелешки од страна на комуналните претпријатија. Предлог измените од Законот беа доставени до сите претпријатија но ниту едно мислење не стигна до извршната канцеларија на АДКОМ. Согласно на тоа се заклучи да се испратат до Министерството истите предлози за измена кои беа доставени претходно во форма на Иницијатива за измена на Законот.

Комисијата беше консултирана во врска со „Правилниците за управување со отпад“ и беше одговорено дека правилниците се во ред и дека немаат коментари за истите.

Членовите на комисијата за правни работи на АДКОМ дадоа предлог за организирање и одржување на обука на испитот за административно управување.