Седница на Собрание на АДКОМ

Годишното Собрание на АДКОМ се одржа на 20- февруари 2018 год во Скопје - Хотел Континентал. Собранието го отвори Претседателот на АДКОМ Г-дин Зоран Горгиев кој ги поздрави делегатите на Собранието и другите вработени во ЈКП.

На седницата на Собранието се работеше по следниот дневен ред:

- Избор на работно претседателство и верификациона комисија и оверувачи  на  записник од Собрание

1. Обраќање на Г-дин Горгиев -  Претседател на АДКОМ

2. Обраќање на Г-ѓа Стојановска – Извршен Директор на АДКОМ 

3. Верификација на мандат на Делегати на Собрание на АДКОМ 2018-2022 год

4. Избор и верификација на мандат на членови на Управен Одбор на АДКОМ 2018-2022 год

5. Избор и верификација на мандат на членови на Надзорен  Одбор на АДКОМ 2018-2022 год

6. Дискусија на тема: Клучни предизвици во работата на ЈКП  Г-дин Зоран Горгиев

  • Комуникација со оснивачот
  • Инвестициски планови
  •  Оперативно работење
  •  Усогласување на работењето на ЈКП со Законската регулатива и др.

7. Разгледување на завршната сметка на АДКОМ за 2017 год

8. Презентација на Проект на ГИЗ

На седницата на собранието Г-ѓа Маја Меденица, УТВСИ – Белград имаше презентација на Проект на ГИЗ – Управување на инфраструктурни средства – Asset management и ги покани претставниците од проектот на ГИЗ да се обратат пред присутните. Г-ѓа  Меденица накратко ги информираше присутните во врска со интегрирано управување на средства објаснувајќи дека  проектот  е финансиран од германската влада и целта на овој проектот на ГИЗ е да овозможи на ЈКП  да ги зајакнат своите капацитети за спроведување на активности на интегрирано управување на инфраструктурни средства преку обуки, давање на поддршка и обезбедување на соодветен софтвер и методологија на најдобра пракса од искуство.

По излагањето на Г-ѓа Меденица Претседателот на АДКОМ ја затвори со работа седницата на Годишното Собрание.