“Ревизија на Стратешкиот план на АДКОМ и изработка на нов Акционен план на АДКОМ“

На 22 и 23 февруари, 2018, во хотел Милениум, Охрид се одржа дводневна работилница на тема “Ревизија на Стратешкиот план на АДКОМ и изработка на нов Акционен план на АДКОМ“, на која учествуваат директори на јавните комунални претпријатија од Македонија

Г-дин Зоран Горгиев, претседателот на Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ), во своето поздравното обраќање пред членовите на Управниот и Надзорниот Одбор накратко посочи на значењето на придонесот на секој од присутните во процесот на изработка на стратешките документи преку свои размислувања и предлози за улогата и идните активности на асоцијацијата.

Извршниот Директор на АДКОМ, Г-ѓа Лолита Стојановска ги информираше учесниците за досегашната реализација на стратешките документи и посочи дека работилница е во функција да се направи преглед на структурата и содржината на постоечките стратешки и акционен план на АДКОМ и да се добијат насоки за ревидирање на стратешкиот план и изработка на нов акционен план за периодот 2018-2020.

Главен предавач и модератор на оваа работилница беше г-дин  Јане Вртески, CMC сертифициран менаџмент консултант.

Дводневната работилницата беше организирана во два дела, од кои во првиот на три сесии учесниците активно работеа на мисијата, визијата и принципите на АДКОМ, стратешката мапа по области, како и идентификација на соодветни приоритети на АДКОМ. Беше направена и идентификација на мерки за постигнување на целните вредности на показателите за секој приоритет.

На втората сесија учесниците преку панел дискусија ги искажаа своите видувања, предлози и сугестии во врска со улогата на АДКОМ во решавање на клучните предизвици со кои се соочуваат јавните комунални претпријатија.