Работна средба на сите комисии на АДКОМ

На 13-ти март 2018 година во Хотел Континентал се одржа работна средба со сите комисии на АДКОМ. Г-ѓа Лолита Стојановска - Извршен Директор на АДКОМ, им посочи на присутните дека целта на оваа работна средба е да се направи ревизија на Стратешкиот план и изработка на нов Акционен план на АДКОМ.

На работната средба се разви дискусија на тема клучни предизвици при работата на ЈКП и улогата на АДКОМ во решавање на клучните предизвици.