Летно школо Торино

Школото Turin School of Local Regulation официјалното го објави започнувањето на 21-то издание на Меѓународната летна школа за регулирање на локалните јавни услуги.

Програмата може да ја посетат студентите на додипломски студии во последната година, дипломирани студенти и претставниците од јавната администрација (општини и сл.) и регулаторни тела.

Избраните учесници ќе имаат ниски трошоци за регистрација; а пак бесплатна регистрација ќе добијат оние земјите кои не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и новите земји-членки на ЕУ. Регистрацијата вклучува 2 недели бесплатно сместување во Торино.

Апликациите се отворени. Крајниот рок за пријавување е до 4 јуни 2018 година.

Дополнителни информации, програма и формулар за апликација можете да најдете на: www.turinschool.eu/iss