Објавен повик за евидентирање на експерти во базата на АДКОМ

Поради реализација и остварување на својата визија АДКОМ да биде посакуван партнер на сите чинители во областа на комуналните услуги во Р.Македонија и да претставува извор на знаење и искуство за ЈКП со Одлука на Управниот Одбор АДКОМ  објави повик за евидентирање на експерти од комуналната дејност во базата на АДКОМ. Целта на објавување на овој повик е во функција на воспоставување на  Центарот на знаење на АДКОМ кој ќе биде формиран на почетокот на следната година со грант средства од Меѓународната асоцијација на водоснабдителни компании од Дунавскиот регион – IAWD , за различни области значајни за работата на јавните претпријатија за комунални дејности.