Работен состанок на АДКОМ со претставници од IAWD - Меѓународната асоцијација на водоснабдителни компании од Дунавскиот регион

Во просториите на Извршната канцеларија на АДКОМ на 06.12.2017 година се одржа работен состанок на кој присуствуваа  претставници од  Меѓународната асоцијација на водоснабдителни компании од Дунавскиот регион – IAWD Г-дин Велер и Г-ѓа Волф и претставници од АДКОМ предводени од Претседателот на Управниот Одбор Г-дин Горгиев, Г-дин Христорв директор на ЈКП солидарност Виница, Г-дин Спасовски ЈКП Солидарност Виница , консултантот на АДКОМ Г-дин Вртески и вработените од АДКОМ.

Целта на организирање на оваа работна средба беше презентирање на активностите кои АДКОМ ги спроведува во соработка со IAWD меѓу кои како позначајни се : формирање на тренинг центар на АДКОМ, статусот на порталите  www.danubis-dcm.org  и www.danubis.org и др. На работната средба беше дефинирана и временската рамка на активности за 2018 година со јасни задачи , одговорности и цели кои АДКОМ ќе ги спроведува со поддршка од IAWD .