Работна средба на Генералните Директори на ЈКП со Претседателот на Владата  на Р.Македонија Г-дин Заев

На 14.12.2017 година во Скопје – Хотел Холидеј Ин АДКОМ организираше работна средба на која беа поканети и присуствуваа Генералните Директори на ЈКП од државата со Претседателот на Владата на Р. Македонија Г-дин Заев. На работната средба Претседателот на Владата на Република Македонија Г-дин Заев беше запознаен и разговараше со присутните за многубројните проблеми со кои се соочуваат јавните комунални претпријатија. Премиерот Заев ја акцентираше подготвеноста на Владата на Република Македонија заедно со општините да ги решава напластените проблеми во ЈКП ,во интерес на граѓаните и подобро функционирање на претпријатијата. На работната средба од страна на Премиерот Заев беше истакната спремноста за зголемувањето на финансиската помош од страна на Владата, како еден механизам, преку слевање на повеќе пари, да се решат одредени проблеми околу функционирањето на претпријатијата на локално ниво. На работната средба од страна на присутните беа наведени проблемите со кои се соочуваат ЈКП во тековното работење: големите давачки кон УЈП по основ на стари или тековни обврски за ДДВ и ДД, проблемот со редовното плаќање на обврските кон  ПИОМ и ФЗО, проблемот во делот на спроведување на Законот за јавни набавки и наплата на долговите од социјално загрозените семејства и други актуелни проблеми. Пред присутните Извршниот Директор на АДКОМ Г-ѓа Стојановска истакна дека  до Владата на Р.Македонија ќе биде изготвен допис во кој ќе бидат наведени сите заклучоци од одржаната средба и воедно сите предлог решенија за надминување на истите. Премиерот Заев  ги информираше присутните  дека буџетот е проектиран за да овозможи финансиска и економска стабилизација на државата и изрази силни уверувања дека Владата е определена да ја јакне локалната самоуправа што ќе го доближи одлучувањето до граѓаните, а и позитивно ќе се отслика на работењето на комуналните претпријатија