Објавен повик за трудови за Меѓунарона конференција на тема ,,Води и отпад-реалност и предизвици"   24-26.04.2018

АДКОМ- Здружение на даватели на комунални услуги на Р.Македонија, објави повик за сите заинтересирани страни  дека  организира 10-та Меѓународна конференција на тема ,,Води и отпад - реалност и предизвици”. Конференцијата ќе се одржи во Охрид- Хотел Метропол во период од 24–26 Април 2018 година. Примарната цел на оваа меѓународната конференција е преку приложените трудови да се дојде до одговор на тоа каде се наоѓаат јавните комунални претпријатија во РМ. при нивниот развој, до кое ниво е нивното давање на услугите кон граѓаните и секако задоволството на граѓаните како корисници. Конференцијата ќе биде извонредна можност за сите лицата кои работат на проблематиката во водоснабдување и собирање на отпад,  да ги осознаат најдобрите практики како и да добијат сеопфатен преглед на последната генерација на опрема, најнови технологии и методи за намалување на загубите на води и надгледување и управување со системите за водоснабдување и канализација, собирање депонирање и селектирање на отпадот