Работилница – Законска регулатива во делот на води и отпад – начин на нивно спроведување и обврски на ЈКП

АДКОМ во соработка со МЖСПП и Државниот инспекторат за животна средина организираа еднодневна работилница на тема: Законска регулатива во делот на води и отпад – начин на нивно спроведување и обврски на ЈКП на која беа поканети и учествуваа вработени во ЈКП.

Целта на организирање на еднодневната работилница беше  информирање на вработените од ЈКП  за  Законодавството во делот на води и отпад, одредени измени во Законите, спроведување на законодавството во областа на животната средина и надлежности согласно одредени закони во делот на надзор, обврски и права на Државниот инспекторат за животна средина, начин на инспекторирање од страна на  водостопанскиот инспектор и права и  обврските на ЈКП.

 На работилницата пред присутните свое воведно обраќање имаше Директорот на Државниот инспекорат за животна средина Г-дин Богдановски истакнувајќи дека главна цел е успешно спроведување на Законот за утврдување на цени на воднитe услуги. Државниот инспекторат е задолжен за надзор на 75 претпријатија и во претстојниот период инспекторите на терен ќе бидат отворени за соработка со цел минимизирање на законските повреди, како и подобрување на услугите кон граѓаните.

Г-ѓа Каранфилова Мазневска, Раководител на сектор за управување со отпад во МЖСПП, ги информираше учесниците во врска со веќе започнатото интегрирано регионално управување со отпадот, за воспоставените 8 Меѓуопштински одбори за управување со отпад и за 2-та регионални центри. Исто така во својата презентација    Г-ѓа Каранфилова Мазневска, објасни за итегрирано регионално управување со отпадот во Скопски, Вардарски, Пелагониски и Југозападен плански регион и за донесените регионалните планови за управување со отпад, преку мерка 3.2 компонента 1 на ИПА во текот на 2016, но и за активностите кои се очекуваат да се финансираат преку ИПА 2 во 2018 година.

Подетално информирање во врска со структурата, улогата и надлежностите на Државниот инспекторат беше презентирано од страна на г-дин Блинков, Државен инспектор за животна средина. Г-дин Блинков додаде дека со цел овој закон да биде успешно имплементиран инспекторите можат да имаат најавени или ненајавни/ редовни и вондредни посети во ЈКП.

Статусот на водите, управувањето со водите како и водостопанските услуги во Македонија кои се регулирани со закон беа презентирани од страна на Г-дин Мирта, Раководител на секторот води во МЖСПП. Притоа се даде краток осверт во врска со „водните права“, односно правата и обвските на правите и физичките лица при користење и испуштање на водите.  Учесниците при оваа презентација беа информирани подетално врска со дозволите за користење и испуштањето на водите, обрасците и формуларите кои треба тие да ги користат при аплицирањето во МЖСПП.

Г-дин Блинков во своето второ излагање накратко објасни дека во делокругот на водостопанскиот инспектор од овој закон, истиот има право да изврши контрола и утврди дали давателот на водната услуга наплаќа од корисникот на водната услуга по тарифа за водна услуга и дали висината на тарифата е пресметана согласно со решението за утврдување на тарифата за водна услуга. Но исто така и да изврши контрола и утврди дали давателот на водни услуги подготвил и доставил барање и поднесоци за утврдување на тарифа за водна услуга.

Г-дин Богдановски повторно нагласи дека во престојниот период ЈКП од Инспекторатот ќе добијат поддршка со цел побезболно овој закон да биде спроведен, но исто така дека Инспекторатот им стои на располагање на ЈКП за било какви прашања и разрешувања на недоразбирања.