Триесетиседма седница на Управниот Одбор на АДКОМ

Триесетиседмата седница на Управниот Одбор на АДКОМ се одржа на 26.12.2017 година во Скопје – Хотел Солун. Членовите на Управниот и  Надзорниот одбор на АДКОМ одржаа заедничка седница на која согласно дневниот ред присутните беа запознаени со институционалната поставеност на АДКОМ, начинот на работа и поставеноста на здружението, начинот на работа на комисиите во состав на АДКОМ, соработката со институциите кој АДКОМ ги има во тековното работење, организаирањето на меѓународни конференции на тема вода и отпад и др.

На оваа седница членовите на У.О и Н.О подетално беа запознаени со актуелните и идни активности кои АДКОМ ќе ги реализира во идниот период.

Воедно членовите на У.О и Н.О беа запознаени со изготвените дописи од страна на членовите на правната комисија на АДКОМ кои во име на сите ЈКП ќе бидат доставени до Владата на Р.Македонија согласно одржаната работна средба со Претседателот на Владата на Р.Македонија.