Sponsor 1

Безбедност на вода и управување со кризи

На 16-ти и 17-ти јануари 2019 година, преку Тренинг центарот на АДКОМ се организираше првата подготвителна обука за тренерите, како дел од програмата „Безбедност на вода и управување со кризи: Основи на континуитет на работење за управување со ризици од катастрофи“, наменета за давателите на водни услуги, односно за поголемите ЈКП во државава.

 

Програмата „Безбедност на вода и управување со кризи: Основи на континуитет на работење за управување со ризици од катастрофи“ е развиена и е надгледувана од техничкиот партнер, IAWD,  Конзорциумот Infraprotect, заедно со Energie AG Wasser, Виенскиот водовод и Австриската асоцијација за гас и водоснабдување (ÖVGW). Програмата ја спроведуваат националните или регионалните центри, како што е АДКОМ во земјава. Програмата за ЈКП ќе биде спроведувана на македонски јазик и е дизајнирана врз принципите на учење по пат на пракса. Таа вклучува комбинација на работилници за обука лице-в-лице, кои обезбедуваат алатки и техники за справување со предизвиците со кои се соочуваат; да следат како тие се применуваат во пракса, проследено со обука на работа, каде претпријатијата учесници ги применуваат алатките и техниките во нивната средина и развиваат конкретни производи (дијагностика, акциони планови, тарифни планови итн.). Применети се принципите на комбинирано учење, т.е. обучувањето лице-в-лице е придружено со материјали за електронско учење обезбедени во D-LeaP Академијата.

 

Од страна на IAWD, како тренери на оваа подготвителна обука за тренери беа г-дин Christian Plohberger (програм директор во INFRA PROTEC), г-дин Juri Paul (генерален менаџер во Vak Beroun a.s). и г-дин Christian Hasenleithner, (генерален менаџер во ENERGIEAG).

 

Присутни учесници на подготвителната обука беа:

  • Центар за управување со кризи на Република Северна Македонија: г-дин Стевко Стефановски, г-дин Трајче Јовановски и г-ѓа Гордана Наумовска
  • Институт за јавно здравје: г-дин Михаил Кочубовски и Александра Сталболиева
  • ЈП „Водовод“ Битола: г-дин Љубиша Бакич и г-дин Емилијан Мичевски