Sponsor 1

Обука за „Капитални инфраструктурни проекти во секторот за вода и канализација“

На ден 26-ти февруари 2019 година во хотел Континентал, во Скопје беше организирана еднодневната обука на тема „Капитални инфраструктурни проекти во секторот за вода и канализација“. Обуката беше организирана од страна на Тренинг центарот на АДКОМ и во соработка и поддршка на проектот „Регионална мрежа за развој на капацитети (RCDN) за водоснабдување и санитарни услуги". Главната цел на обуката е да ги подготви  учесниците да им пристапат на фондовите со капиталните инфраструктурни инвестициски проекти спремни за финансирање, да се исполнат барањата на Меѓународните финансиски институции (МФИ) и донаторите и да обезбедат соодветна поддршка во сите фази на Управувањето со проектниот циклус.

 

Тренер на оваа обука беше г-дин Јане Вртески, кој подетално објасни во врска со достапните извори на финансирање. Проширувањето и продлабочувањето на знаењата преку искуствата од практичната припрема, селекција и имплементација на проекти спремни за финансирање, беше направена преку презентацијата на експертот за поддршка г-ѓа Снежана Менковска која го презентираше Проектот за „Техничката помош за спроведување инвестициски проекти за водоснабдување и одведување отпадни води во Македонија“ JOS 241 11/12, на кој таа е Тим Лидер.

 

За време на обуката се работеше во групи, а потоа заедничката работа беше презентирана, а притоа  тренерот отвори и  пленарна дискусија на тема “која е улогата на носителите на одлуките за успешен развој на проекти“.