Sponsor 1

Повик за консултантски услуги за изработка на процедури/правилници за човекови ресурси (ЧР)

АДКОМ при имплементација на проектот „Зајакнување на асоцијацијата за испорака на развој на капацитетите на ЈКП во Република Северна Македонија за обезбедување на одржливи водни услуги” ги повикува сите заинтересирани кандидати да достават воја понуда за изработка на процедури/правилници за управување со човечките ресурси на АДКОМ, во согласност задачите опишани во проектната активност за консултант (Анекс 1). АДКОМ врз основа на пристигнатите понуди, задачата може да ја додели на еден кандидат или на група кандидати. 

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи на македонски јазик:

  • Лична биографија во ЕУ формат вклучувајќи минато искуство на слични проекти, и
  • Финансиската понуда (Анекс 2)

Ве молиме Вашата лична биографија во ЕУ формат и финансиската понуда да ги доставите на е-мејл adkommk@gmail.com најдоцна до 20 август 2019 година. Подетални информации може да добиете на следниот телефонски број: 02/ 2461-971.

 

АДКОМ го задржува правото за поништување на овој повик.

 

 

Во прилог се докуметите за проект-от

ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ

ФИНАНСИСКА ПОНУДА