Sponsor 1

Повик за консултантски услуги за прилагодување и унифицирање на алатките за втор регулиран период

АДКОМ при имплементација на проектот “Зајакнување на асоцијацијата за испорака на развој на капацитетите на ЈКП во Република Северна Македонија за обезбедување на одржливи водни услуги.” ги повикува сите заинтересирани кандидати да достават своја понуда која ќе се однесува
на прилагодување и унифицирање на ексел алатки за прибирање на податоци, тарифниот модел за пресметка на тарифите, изработка на упатство за користење на алатките и тарифниот модел и преглед и предлог на содржина на бизнис планот, според потребите за вториот регулиран период и во согласност задачите опишани во проектната активност за консултант (Прилог 1).


Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи на македонски јазик:
-Лична биографија во ЕУ формат вклучувајќи минато искуство на слични проекти, и
-Финансиската понуда (Прилог 2)


Ве молиме Вашата лична биографија во ЕУ формат и финансиската понуда да ги доставите на е-мејл adkommk@gmail.com најдоцна до 03 март 2020 година. Подетални информации може да
добиете на следниот телефонски број: 02/ 2461-971.

АДКОМ за реализацијата на задачите може да ангажира повеќе консултанти.

 


АДКОМ го задржува правото за поништување на овој повик.

 

Во прилог се докуметите за проект-от

ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ

ФИНАНСИСКА ПОНУДА