КОВИД-19 и управување со отпадот: предизвици и решенија
Пандемијата на новиот вирус COVID-19 носи предизвици во врска со праксата за управување со комуналниот отпад. Се зголемуваат количините на инфективен отпад во здравствените установи, но исто така се јавува потенцијално инфективен отпад во комуналниот отпад.
Во здравствените установи, заради зголемениот број на пациенти заболени од COVID-19, се создаваат дополнителни количини отпад од заштитна опрема, фармацевтски отпад, отпад од лабораториски анализи и слично. Медицинскиот отпад кој се создава во медицинските установи се селектира, складира, транспортира и отстранува согласно со Правилникот за начинот на постапување со медицински отпад, како и начинот на пакување и обележување на медицинскиот отпад („Сл. весник на РМ“бр. 146/07). Освен зголемените количини на отпад, не се очекуваат други ризици врз здравјето и животната средина, бидејќи системот за управување со медицинскиот отпад воглавно функционира во согласност со законските барања.
Освен од здравствените установи, инфективен и потенцијално инфективен отпад се создава во центрите во кои се згрижени граѓаните што во земјата допатувале од странство (карантин), како и од домаќинствата во кои има суспектни лица во самоизолација или заболени што се лекуваат во домашни услови. Несоодветното постапување со овој инфективен отпад може да има негативни последици за здравјето на граѓаните и особено на ранливите групи. Притоа неформални собирачи не смее да имаат пристап до контејнерите и депониите, или да се дозволи согорување на отпадот на отворено. Исто така, работниците во комуналните претпријатија што го собираат отпадот мора да бидат соодветно заштитени.
За целата содржина превземете го од докуметот со следниот линк: АДКОМ Covid-19