На 02.02.2024
година се одржа онлајн информативна сесија организирана од Светска банка за
иницијативата на Светска Банка и СЕКО - Центар на извонредност, Претпријатија
на иднината.
Информативната
сесија се одржува по состанокот кој АДКОМ го одржа со претставници од Светска
Банка каде беше одлучено да се организира иницијална онлајн информативна
сесија, по што АДКОМ ќе овозможи и средба во живо во Скопје со претставници од
Светска Банка.
Центарот на
извонредност има за цел да поддржи иницијална група од 15 претпријатија преку
едногодишна техничка поддршка и менторство во делот на оптимизација, бизнис
планирање и модернизирање на претпријатијата. Базирано на нивото на изведба и
посветеност на претпријатијата ќе бидат избрани 5 претпријатија на кои ќе им се
пружи дополнителна поддршка во висина до 500.000 USD, развој на Бизнис и
инвестициски план, план за дигитална трансформација, и студии за изводливост на
клучни инфраструктурни проекти.
Јануари
Како и секоја
година, АДКОМ ја започна 2024 година со Анкета за задоволство на членството на
АДКОМ со цел да се подобри работењето на Здружението и да се излезе во пресрет
на потребите на членките. Заради јакнење на капацитетите на членството, АДКОМ
во текот на годината организира разновидни обуки поради што на вработените и
Директорите од ЈКП беа испратени прашалници за потребата од обуки. Во текот на јануари
се работеше на ажурирање на базата на податоци на контакт информации од
вработени во ЈКП со цел поголема транспарентност во работењето и поголем опсег
на информирање на сите засегнати страни во комуналната дејност.