Дигитална
трансформација на јавните водоводни услуги
Во време кога технологијата континуирано напредува
и се менува начинот на кој секојдневно функционираме, дигиталната
трансформација станува неизбежна за сите индустрии, вклучително и за секторот
на водните услуги. Со цел да ги подобри и модернизира своите услуги, како и да
ги задоволи растечките потреби на граѓаните, АДКОМ - Здружението на даватели на
комунални услуги, го започна проектот "Дигитална трансформација на јавните
водоводни услуги" во партнерство соGIZ - The Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeitи Македонски
Телеком.
Цел на
проектот:
Главната цел на проектот "Дигитална
трансформација на јавните водоводни услуги" е да се подобрат капацитетите
за имплементирање и користење наITрешенија во секторот на водни услуги во Република
Северна Македонија.
Проектот започна со анализа на условите за
дигитална трансформација на јавните услуги што ќе опфати и анализа на
недостатокот на капацитети за дигитализација во секторот за водни услуги и
потребите на ЈКП-ја за дигитална трансформација. Понатаму, проектот ќе ги
прикаже придобивките од користењето на дигиталните технологии и алатки во
обезбедувањето јавни услуги за водоснабдување преку имплементација на
интегрирани дигитални системски решенија во најмалку три пилот општини.
Пилотите беа избрани од проектните партнери врз основа на заеднички
дефинираните критериуми и процедурата за аплицирање спроведена од АДКОМ.
Пилот општини опфатени во Проектот:
1.
Крушево
2.
Дојран
3.
Кавадарци
Ќе се организираат низа мерки за развој на
капацитети (обуки, размени на искуства, студиско патување, конференции...) за
персоналот на пилотите и другите ЈКП.
Комуналните претпријатија ќе ги подобрат
капацитетите на индивидуално (персонал кој работи со услуги) и организациско
ниво (процеси, процедури). По дефинирањето на главните празнини и пречки,
проследено со мерки за справување со нив, како и прикажаните придобивки од
дигиталната трансформација, ќе се воспостават предуслови за понатамошно ширење
на резултатите од проектот на локално и регионално ниво.
До крај на 2023 година во рамки на проектот се
реализираа
9 обуки
4
работилници за изработка на Стратегија за дигитализација на АДКОМ 2023-2028
4 состаноци
на Работната група за дигитализација