Организациска

Организациска

 

Од формирањето на АДКОМ во 2004 година до денес, во Стручната служба се вработени Извршен директор и Административен секретар. За сите свои потреби за реализација на активностите на стручната служба и АДКОМ по потреба се ангажираат надворешни експерти.
На сликата подолу е претставена тековната организациска структура на АДКОМ.

Работата на органите на управување на АДКОМ се регулира со општ акт кој го донесува Собранието на АДКОМ.

 

Органи на управување на АДКОМ:

- Собрание

- Управен одбор

- Надзорен одбор

- Извршен Директор

- Комисии

 

 

Собрание

 

Собранието на АДКОМ брои онолку членови колку што има претставници,кои се избираат од комуналните претпријатија од кои произлегуваат. Секој член на Собранието учествува рамноправно во одлучувањето.

Во надлежност на Собранието е следното:

- го донесува статутот на АДКОМ

- ја утврдува деловната политика на АДКОМ

- усвојува долгорочен и годишен стратешки план за развој на АДКОМ и стратегија за нивна имплементација

- го разгледува и усвојува извештајот за работа на управниот одбор помеѓу две собранија;

- расправа за постигнатите резултати од работата на АДКОМ и дава насоки за натамошен развој на АДКОМ

- донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на АДКОМ и др.

 

 

Управен Одбор

 

Управниот одбор на АДКОМ е извршен орган на собранието во кој секој член има еднакви права,обврски и одговорности за работењето и развојот на Здружението во согласност со статутот.

Управниот одбор на АДКОМ брои петнаесет члена, вклучувајќи го и претседателот на Управниот одбор.

Управниот одбор на АДКОМ од своите редови избира претседател и донесува одлуки со мнозинство на гласови од вкупниот број на членови.Во случај на отсуство,членот може да го депонира својот глас и написмено.

Управниот одбор ги има следните надлежности:      

- ги спроведува статутарните и програмските задачи на АДКОМ, како и одлуките и заклучоците на собранието;

- ги донесува годишните и оперативните планови за работа и плановите за развој

- донесува долгорочен и годишен стратешки план за развиток на АДКОМ

- ги донесува останатите општи акти на АДКОМ, прифаќа спогодби и склучува договори;                

- донесува одлуки за формирање на постојани и повремени комисии, и ја насочува нивната работа;

- решава за настапување во коалиција со други организации за промоција на интерсите на АДКОМ

- организира и активно учествува на разни акции и манифестации и др.

 

 

Надзорен Одбор

 

Надзорниот одбор брои пет членови со мандат од четири години и право на реизбор.

Надзорниот одбор врши контрола над спроведувањето на одредбите на овој статут и контрола за наменско располагање со средствата и приходите на АДКОМ.

 

 

Извршен Директор

 

Извршениот директор е работоводен орган на АДКОМ. 

Извршениот директор со помош на стручната служба го организира и раководи работењето на АДКОМ, го застапува АДКОМ пред трети лица и е одговорен за законитоста во работењето на АДКОМ.

Извршениот директор:

- раководи со работата на стручната служба

- ги предлага основите и деловната политика на АДКОМ

- ги предлага програмите и плановите за работа и се грижи за нивно извршување

- ги подготвува и доставува материјалите за работа на собранието и управниот одбор

- се грижи за благовремено извршување на одлуките и заклучоците донесени од собранието и управниот одбор

- го застапува АДКОМ во надворешното работење

- се грижи за правилната примена на законските прописи од областа на дејностите што ги врши АДКОМ

- врши и други работи предвидени со закон, статут и други општи акти на АДКОМ

 

 

Комисии

 

Управниот одбор одлучува за формирањето на комисиите и за делокругот на работа на истите

Комисиите работат на состаноци кои се организираат еднаш во месецот во просториите на АДКОМ и  работат според програма за работа дефинирана за соодветната година. Тие всушност ги застапуваат интересите на ЈКП  пред ресорните Министерства. Секој од членките на АДКОМ може да добие увид од работата на комисиите од задолжителните записници кои се водат.

- Комисија за водоснабдување и канализација

- Комисија за економско правни работи

- Комисија за комунална хигиена и одржување на паркови и зелени површини

- Комисија за пазари

- Комисија за погребални услуги

- Комисија за човечки ресурси

- Комисија за обработка и контрола на вода

- Комисија за паркинг услуги

 

 

Наши Партнери