Членување

Членување

 

- Членувањето во АДКОМ е на доброволна основа.

- Зачленувањето во АДКОМ се врши со пристапница и договор,потпишан од Претседателот на Управниот Одбор на АДКОМ и Јавното препријатие кое пристапува како член.

- Членовите на АДКОМ ги претставуваат јавните комунални претпријатија во општините од кои произлегуваат.

- Членот има право да избира и да биде биран во органите на АДКОМ,да учествува во работата на АДКОМ и да придонесува во развојот и популарноста на Здружението.

 

 

Придобивки за членовите на АДКОМ

 

- Можност за директно учество во процесот на креирање на ставови на АДКОМ поврзани со прашања со кои се соочуваат ЈКП во Република Македонија преку учество во работни комисии со цел подобрување на законската рамка која се однесува на комуналната дејност

- Вклучување во реформите во сферата на локалната самоуправа врзани со комуналната дејност

- Промоција и застапување на заедничките интереси на своите членови пред извршната власт и трети лица

- Подршка за институционално и организациско јакнење на општинските комунални претпријатија

- вршење консултации и давање совети на своите членови во врска со тековни прашања од нивното работење

- Анализа на проблемите на комуналните претпријатија и предлагање решенија за истите

- Следење на светските трендови во развојот на комуналните услуги

- Учество во стручни советувања, конференции, работилници и сл

- Пристап до информации релевантни за комуналната дејност

- Логистичка подршка за организирање на манифестации, конференции, научни посети, состаноци и сл

- Пристап до базата на податоци

- Соработка со стручните институции и асоцијации од земјата и странство

 

 

Цели на АДКОМ

 

- Да стане моќно лоби на давателите на комунални услуги пред централната власт.

- Да се надгради, афирмира и  да продолжи да функционира како ефикасен центар за услуги на ЈКП

- Да стане моќна меѓународна асоцијација:

- Сите граѓани во Р. М. да добиваат навремени и квалитетни комунални услуги.

 

Наши Партнери