Адком е член на
D-LeaP, Партнерството за учење на Дунав-интегрирана регионална иницијатива за
градење капацитети, спроведена од Меѓународната асоцијација на давателите на
водни услуги по течението на реката Дунав (IAWD) и националните здруженија за
водоснабдување.
АДКОМ е Центар за спроведување на програмите на D-LeaP академијата и веќе во склоп на АДКОМ постојат Тренинг центри за комерцијална ефикасност и Прристап до финансирање. Наши претставници учествуваа на овој настан, каде се дискутираше за нацрт-годишниот извештај на D-LeaP за 2023 година, испораката на D-LeaP во 2024 година, координацијата со други релевантни проекти, особено со иницијативата за регионална мрежа за развој на капацитети RCDN+ и новиот Utility of the Future Center of Excellence (Претпријатие на иднината – Центар за извонредност). Ажурирањата за D-LeaP Academy и D-LeaP Рамката за менаџмент на квалитет беа исто така дел од програмата.