Јавните комунални претпријатија (ЈКП) играат клучна улога во обезбедување на основни еколошки и здравствени услуги за граѓаните, со цел да се обезбеди чиста вода, здрава средина и функционален систем за отпад и канализација. Во тек на јубилејната прослава се зборуваше за најактуелните теми во комуналниот сектор, при што беа истакнати предизвици со кои се соочуваат овие претпријатија, како и нивната важност за општеството. Претставниците на АДКОМ нагласија дека е потребна подобра соработка и поддршка од институциите, особено за модернизација на застарената инфраструктура, решавање на финансиските предизвици и недостатокот од млад кадар во ЈКП.