АДКОМ ќе го одржи
своето Годишно собрание на 15.02.2024 во Хотел Карпош. На Годишното собрание ќе
се состанат делегатите на АДКОМ каде ќе се разгледуваат и усвојуваат Извештајот
за работењето на АДКОМ за 2023 година, завршната сметка на АДКОМ за 2023,
програмата за работа на АДКОМ за 2024 и финансовиот план за 2024 година. На
Годишното собрание ќе бидат презентирани и програмите на Комисиите на АДКОМ за
2024 година, кои се инкорпорирани во Годишната програма на АДКОМ за 2024
година.