На состанокот присуствуваа членови на АДКОМ, Работната група за комунални
дејности, вклучувајќи претставници од Министерството за дигитална
трансформација, Министерството за правда, Министерството за локална самоуправа,
Министерството за животна средина и просторно планирање, Регулаторната комисија
за енергетика и водни услуги, Државниот комунален инспекторат, Државниот
инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, ЗЕЛС,
Министерството за финансии, Министерството за земјоделство, шумарство и
водостопанство, Државниот завод за ревизија, Министерството за транспорт и
врски, Министерството за економија, Агенцијата за катастар на недвижности и
Министерството за јавна администрација. Присутни беа и претставници од
Собранието на РСМ, како и претставници од ГИЗ.
За време на овој состанок беше презентирана досегашната работа на АДКОМ во областа на застапување и лобирање, со акцент на моментална состојба на основните средства и предизвиците со кои се соочуваат ЈКП. Дополнително, беше даден преглед на досегашни активности на АДКОМ за измени на законската регулатива и дефинирање на сопственоста на основните средства на ЈКП за водоснабдување. Учесниците се запознаа со две годишната стратегија и време рамка на АДКОМ за подобрување на координацијата на ЈКП. По презентациите, следеше дискусија меѓу учесниците, каде што беа донесени следните заклучоци. Главните предизвици со кои се соочуваат јавните комунални претпријатија (ЈКП) вклучуваат одржливост на претпријатијата, недостаток на експерти во областа, административни пречки, и неопходност од усогласување на законската регулатива со нивните потреби. Како решенија, се предлага финансиско зајакнување преку прилагодување на цените на услугите, формирање на стручна работна група за сметководствено евидентирање, зголемување на видливоста на активностите на ЈКП и усогласување со европската директива за води. Следни чекори вклучуваат медиумско информирање за резултатите од состанокот, редовно известување до Владата, изготвување на записник и доекипирање на работната група за подобрување на нејзините капацитети.