Во Скопје, хотел Парк, АДКОМ ја организираше 10тата работилница на Работната група за дигитализација на јавните водоводни услуги. Работилницата се изведе на 17.09.2024 и учествуваат Членови на АДКОМ Работната група за дигитализација (Министерство за информатичко општество, Министерство за правда, Министерство за локална самоуправа, Министерство за животна средина и просторно планирање, Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, Државен комунален инспекторат, Државен инспекторат за животна средина, Здружение на единиците на локална самоуправа), Членови на Комисијата на АДКОМ за дигитализација.
Главната цел на работилницата беше подобрување на националната рамка што ќе ја стимулира дигитализацијата во секторот за водни услуги. Во тек на оваа работилница беа презентирани теми поврзани со дигиталната трансформација (ДТ) на локално и централно ниво, како и патоказ за ДТ, кој опфаќа мерки и активности за дигитализација на водните услуги.
Учесниците водеа активна дискусија и изведоа заеднички заклучоци, со фокус на почетните активности за дигитална трансформација на водните услуги во Република Северна Македонија. Дополнително, беа разгледани првите чекори на АДКОМ во поддршка на овој процес, со цел унапредување на услугите и нивната ефективност.