На 25-ти
септември 2024 година, во канцеларијата на ADKOM се организира размена на
искуства ADKOM-VSA за истражување на најдобрите практики во организациски
развој, вклученост на млади професионалци во процес на донесување одлуки и
развој на иницијативи за ЈКП, како и стратегии за застапување на интересите на
ЈКП. На настанот учествуваа претставници од Извршната канцеларија на ADKOM, GIZ
и VSA.
Целта на
размената е подобрување на оперативните стратегии на АДКОМ, преку анализа на
успешните практики на VSA за вклучување на членови во активностите на
организацијата, развој на одржливи финансиски модели и креирање едукативни
иницијативи. Учесниците предложија да се вклучат членарини како дел од тарифите
на јавните комунални претпријатија, со што би се обезбедила редовна финансиска
поддршка за АДКОМ.
За време на
размената се нагласи потребата од застапеност на младите професионалци во
управниот одбор на АДКОМ. Дополнително учесниците беа информирани за можностите
од Erasmus размена на искуства и други европски програми.