Со задоволство Ве покануваме да земете учествуво на претстојната меѓународна конференција во организација на АДКОМ-Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија на тема „Иднината на комуналниот сектор“, која ќе се одржи во период од 11-13 јуни 2025 година во Охрид-хотел Метропол.
Иднината на комуналниот сектор е клучен аспект на одржливиот развој на нашите општества. Со брзото темпо на урбанизација, климатските промени, новите технологии и промени во потребите на граѓаните, комуналните услуги, како што се водоснабдувањето, отпадната вода, енергетската ефикасност и управувањето со отпадот, се соочуваат со нови предизвици. Оваа конференција е посветена на разгледување на идните трендови и иновации во овој сектор, како и на развојот на нови политики и стратегии кои ќе овозможат ефикасно и одржливо снабдување со комунални услуги за сите граѓани.
Преку споделување на искуства, примери од пракса и стручни дискусии, ќе се обидеме да создадеме визија за тоа каков треба да биде комуналниот сектор во иднина и како можеме заедно да се подготвиме за тие промени.
Стручните говорници на панел сесиите ќе ги споделат своите добри практики поврзани со управувањето на комуналните услуги.
За учество на конференцијата може да се регистрирате преку следниот линк:
Во прилог ви ги испраќаме потребните документи ( информативен флаер и пријава за техничка изложба).
Се надеваме дека ќе ни се придружите и ќе имате можност да размените искуства и идеи кои ќе помогнат во обликувањето на иднината на комуналниот сектор.
Со почит,
АДКОМ
ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНФЕРЕНЦИЈА 2025
ПРИЈАВА ЗА ТЕХНИЧКА ИЗЛОЖБА 2025