За да го подобри своето работење и да ги усвои најдобрите практики, АДКОМ иницира размена на искуства со VSA, водечка швајцарска асоцијација за управување со водните ресурси. VSA е позната по своите исклучителни методи за организациски развој, ефикасно управување и ангажман на млади професионалци. Преку оваа размена, АДКОМ се стреми да научи од искуствата на VSA и да ги примени овие стратегии за зајакнување на сопствените активности. На настанот учествуваа претставници од Извршната канцеларија на ADKOM, GIZ, VSA, членови на управниот одбор на ADKOM, комисијата на Млади професионалци, вработени во ЈКП и консултантот за стратешки и бизнис план на АДКОМ.
Целта на размената беше подобрување на оперативните стратегии на АДКОМ, преку анализа на успешните практики на VSA, за вклучување на членови во активностите на организацијата, развој на одржливи финансиски модели и креирање на едукативни иницијативи. Еден од клучните предлози беше да се вклучат членарините како дел од тарифите на јавните комунални претпријатија, со што би се обезбедила редовна финансиска поддршка за АДКОМ. За време на размената беше нагласена и потребата од застапеност на младите професионалци во секторот. Дополнително, учесниците беа информирани за можностите што ги нудат Erasmus програмите и други европски иницијативи со фокус на размената на искуства, што може да придонесе за понатамошен развој и подобрување на капацитетите на АДКОМ.
Следните чекори вклучуваат усовршување на моделот за членарина на АДКОМ за да се обезбеди стабилна финансиска поддршка, поддршка на ангажманот на младите професионалци и прилагодување на едукативните содржини за да одговараат на современите потреби и предизвици.