АДКОМ
Голем чекор во лобирање за подобри јавни комунални услуги
На 29 јануари 2025 година, во Собранието на Република Северна Македонија, претставници на Управниот одбор на АДКОМ одржаа состанок со поголема група пратеници. Оваа средба претставуваше значаен чекор во процесот на лобирање за подобрување на условите за работа на ЈКП и зајакнување на соработката помеѓу законодавната власт и комуналниот сектор.
На состанокот беа претставени клучните предизвици со кои се соочуваат ЈКП, вклучувајќи ги финансиските и регулаторните ограничувања, потребата од стабилни механизми за финансирање, подобрување на законската рамка и создавање на одржливи услови за унапредување на комуналните услуги. Учесниците дискутираа за можностите за поддршка од страна на пратениците во насока на институционални реформи и иницирање на законски измени.
Претставниците на АДКОМ ја истакнаа важноста од активна соработка меѓу сите засегнати страни, со цел да се развијат одржливи решенија. Овој состанок претставува значаен исчекор во заложбите на АДКОМ за создавање долгорочни и системски решенија за развој на комуналниот сектор, што ќе резултира со поголема ефикасност, подобри услуги и стабилна поддршка од институциите.