АДКОМ
Состанок на Работната група за комунални дејности на АДКОМ
На 4 февруари 2025 година, во хотел Парк во Скопје се одржа Третиот состанок на Работната група за комунални дејности (РГКД) на АДКОМ. На настанот учествуваа претставници од клучни институции и експерти со цел да се анализираат резултатите од прашалникот за компаративни искуства за сопственост и управување со основните средства во јавните комунални претпријатија (ЈКП), како и да се дефинираат најсоодветните модели за управување во Северна Македонија.
Во рамки на овој состанок учесниците ги анализираа различните модели за евиденција, сопственост и управување со основните средства во ЈКП надвор од земјата при што се идентификуваат клучните предизвици при нивната примена. Врз основа на добрите практики резултатите од истражувањето и консултациите со релевантните институции, се изготвија конкретни насоки за подобрување на управувањето со овие средства. Настанот заврши со интерактивна дискусија со учесниците и надлежните институции при што се утврди модел за сопственост и управување со основните средства во ЈКП, приспособен на локалниот контекст во Република Северна Македонија.
Оваа иницијатива е значаен чекор кон воспоставување јасни регулативи и практики за поефикасно управување со основните средства во ЈКП во Северна Македонија. Преку континуирана соработка, РГКД останува посветена на развивање одржливи решенија кои ќе придонесат за подобра инфраструктура, финансиска стабилност и унапредување на квалитетот на јавните комунални услуги.