АДКОМ
Дводневна работилница за платформата МакБИС
На 6 и 7 февруари 2025 година, во хотел РАМАДА, Гевгелија, се одржа работилницата „МакБИС – индикатори, извештаи и бенчмаркинг за ЈКП даватели на водни услуги“ во рамки на проектот „Дигитална трансформација на јавните водоводни услуги“. На работилницата која беше организирана од страна на АДКОМ учествуваа претставници од јавните комунални претпријатија (ЈКП), членови на Управниот и Надзорниот одбор на АДКОМ, директори на ЈКП, како и претставници од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување на комунален отпад (РКЕ).
Учесниците се запознаа со можностите што ги нуди дигиталната платформа МакБИС за собирање, анализа и споредба на податоците од работењето на ЈКП. Тие имаа можност самостојно да внесат и потврдат податоци за одредена година како и да разгледаат клучни индикатори за известување кон регулаторните институции. Дополнително, се одржа дискусија за предизвиците поврзани со внесувањето и обработката на податоците.
Следни чекори вклучуваат подобрување на платформата според добиените предлози и дополнителна поддршка за нејзина имплементација. Со континуирана соработка МакБИС ќе стане клучна платформа која ќе располага со податоци од комуналниот сектор.