Во текот на оваа
јубилејна година АДКОМ има испланирано низа активности во чиј фокус ќе биде
работата на Јавните комунални претпријатија. По успехот на истоимениот настан
од минатата година, АДКОМ повторно организира Денови на АДКОМ – Денови на
комунални услуги, каде главен фокус ќе биде доближување на комуналните услуги
до граѓаните, значењето на комуналните услуги, како и актуелните проблеми со
кои се соочуваат ЈКП.