АДКОМ ќе го одржи своето Годишно собрание на 15.02.2024 во Хотел Карпош. На Годишното собрание ќе се состанат делегатите на АДКОМ каде ќе се разгледуваат и усвојуваат Извештајот за работењето на АДКОМ за 2023 година, завршната сметка на АДКОМ за 2023, програмата за работа на АДКОМ за 2024 и финансовиот план за 2024 година. На Годишното собрание ќе бидат презентирани и програмите на Комисиите на АДКОМ за 2024 година, кои се инкорпорирани во Годишната програма на АДКОМ за 2024 година.
Хотел Карпош.-Скопје, Македонија.
10 am
Проектот Регионална мрежа за отпадни води (Regional Capacity Development Network – RCDN+) во текот на 2024 и 2025 година ќе ја поддржува Комисијата за третман на отпадни води на АДКОМ во нивната работа.
Холидај ИН-Скопје, Македонија.
10 am
На 12-ти и 134-ти фебруари, 2024 год се одржа Работилница на Работната група за дигитализација
АДКОМ-Скопје, Македонија.
10 am
Во текот на оваа јубилејна година АДКОМ има испланирано низа активности во чиј фокус ќе биде работата на Јавните комунални претпријатија.
Адком-Скопје, Македонија.
10 am
Адком е член на D-LeaP, Партнерството за учење на Дунав-интегрирана регионална иницијатива за градење капацитети, спроведена од Меѓународната асоцијација на давателите на водни услуги по течението на реката Дунав (IAWD) и националните здруженија за водоснабдување. АДКОМ е Центар за спроведување на програмите на D-LeaP академијата и веќе во склоп на АДКОМ постојат Тренинг центри за комерцијална ефикасност и Прристап до финансирање. Наши претставници учествуваа на овој настан, каде се дискутираше за нацрт-годишниот извештај на D-LeaP за 2023 година, испораката на D-LeaP во 2024 година, координацијата со други релевантни проекти, особено со иницијативата за регионална мрежа за развој на капацитети RCDN+ и новиот Utility of the Future Center of Excellence (Претпријатие на иднината – Центар за извонредност). Ажурирањата за D-LeaP Academy и D-LeaP Рамката за менаџмент на квалитет беа исто така дел од програмата.
Адком-Скопје, Македонија.
10 am
Учесниците ја истакнаа важноста на заедничкиот труд и визијата во изградба на поодржлив систем кој ќе им служи на сите граѓани. Оваа преданост не само што ја поставува основата за подобрување на јавните претпријатија, туку и создава пример за вистинска ангажираност и позитивна промена во заедницата.
Хотел Панорамика-Скопје, Северна Македонија.
10 am
Учесниците водеа активна дискусија и изведоа заеднички заклучоци, со фокус на почетните активности за дигитална трансформација на водните услуги во Република Северна Македонија.
Хотел Парк-Скопје, Северна Македонија.
10 am
Целта на размената е подобрување на оперативните стратегии на АДКОМ, преку анализа на успешните практики на VSA за вклучување на членови во активностите на организацијата, развој на одржливи финансиски модели и креирање едукативни иницијативи.
Извршната канцеларија на АДКОМ-Скопје, Северна Македонија.
10 am
Генерално Собрание
Управен Одбор
Надзорен Одбор
Комисии