Детали за повикот

img #АДКОМ

Повик за Тренери за спроведување на Програмата ПРИСТАП ДО ФИНАНСИРАЊЕ

АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги на РСМ ќе ја имплементира програмата „Пристап до финансирање“ на Дунавското партнерство за учење (D-LeaP) кое е заедничка иницијатива на националните здруженија на јавните комунални претпријатија (ЈКП) и Меѓународната асоцијација на компании за снабдување со вода во сливот на реката Дунав (IAWD), со цел да се воспостави развој на капацитети на ЈКП.

За реализирање на Програмата АДКОМ има потреба од ангажирање на Тренери.

Задачите на Тренерот се опишани во Прилог 1-Опис на задачи на Тренер

 

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи:

 - Лична биографија и

- Финансиска понуда (Прилог 2)

 

Ве молиме Вашата лична биографија во ЕУ формат и финансиската понуда да ги доставите електронски на adkommk@gmail.com или лично во Извршната канцеларија на АДКОМ најдоцна до 05.11.2024 година до 15 часот. Подетални информации може да добиете на следните телефонски броеви: 02/ 2461-971 или на 071/222-899.

 АДКОМ го задржува правото за поништување на овој повик.

  

Во прилог докуметите за аплицирање на повикот

Опис на работни задачи и одговорности Тренер за програмата (Прилог 1)

Образец за финансиска понуда (Прилог 2)

Наши Партнери