Детали за повикот

img #АДКОМ

Повик за дизајнерски услуги за 2026 година

АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија, за потребите на своето тековно работење во 2026 година, има потреба од ангажирање на професионални дизајнерски услуги.

За  таа цел, Ве покануваме да доставите понуда која ќе ги опфати следните услуги:

-Графички дизајн за печатени и дигитални материјали, со цел ефективна визуелна комуникација;
-Дизајн и одржување на визуелен идентитет на организацијата и нејзините активности;
-Дизајн на промотивни материјали (флаери, брошури, постери, публикации);
-Дизајн на дигитални материјали и банери за online комуникација и -промотивни кампањи;
-Дизајн на визуели за социјални медиуми и дигитални платформи;
-Развој на визуелен идентитет за настани, кампањи, конференции и проекти;
-Подготовка на презентации, инфографици и визуелна поддршка за јавни настапи;
-Подготовка и адаптација на материјали за печат и дигитална дистрибуција;
-Координација со печатници и надзор на финална изработка, по потреба.

 

Сите заинтересирани понудувачи потребно е да ги наведат поединечните цени за горе наведените ставки, како и условите за соработка, роковите за изработка и други релевантни информации кои ќе помогнат во евалуација на понудите.

 

Понудите може да се достават електронски на е-пошта: adkommk@gmail.com, или лично во просториите на АДКОМ, најдоцна до 28.01.2026 година до 14:00 часот.

 

АДКОМ го задржува правото да избере понуда која најдобро одговара на потребите на организацијата и која ќе овозможи професионална поддршка за целите и активностите во текот на 2026 година.

Повик за дизајнерски услуги за 2026 година

Наши Партнери