АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги при имплементација на проектот „Зајакнување на АДКОМ за одржлив развој, развој на капацитети и застапување на членките” има потреба од Консултант одговорен за раководење на процедурата за верификација на најмалку една Посебна Програма за образование на возрасни и раководење на процедурата за верификација на Тренинг Центарот на АДКОМ.
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи:
• Лична биографија и
• Финансиска понуда (Прилог 2)
Ве молиме Вашата лична биографија и финансиска понуда да ги доставите на меил до АДКОМ adkommk@gmail.com најдоцна до 31.07.2024 година или лично на рака во извршната канцеларија на АДКОМ. Подетални информации може да добиете на следниот телефонски број: 02/ 2461-971, 070/390964.
АДКОМ го задржува правото за поништување на овој повик.