Детали за повикот

img #АДКОМ

Повик за ангажирање на лице за одржување на веб-страница и управување со комуникациски активности

АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија има потреба од ангажирање на лице за одржување на веб-страница, управување со социјални мрежи, подготовка на текстови и координација на комуникациски активности.

Заинтересираните кандидати врз основа на Описот на работните задачи и одговорности на лице  за одржување на веб-страница, управување со социјални мрежи, подготовка на текстови и координација на комуникациски активности треба да ги достават следните документи:

 

  • -Лична биографија и
  • -Финансиска понуда (Прилог 2)

 

Ве молиме Вашата лична биографија и финансиска понуда да ги доставите на      е-меил до АДКОМ:  adkommk@gmail.com најдоцна до 07.11.2025 година до 15 часот или лично на рака во Извршната канцеларија на АДКОМ. Подетални информации може да добиете на следните телефонски броеви : 02/2461-971 ; 070/390964.

 

АДКОМ го задржува правото за поништување на овој повик.

Во прилог докуметите за аплицирање на повикот

Опис на работни задачи за лице за одржување на веб-страница и управување со комуникациски активности(Прилог 1)

Образец за финансиска понуда (Прилог 2)

Наши Партнери